Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово на Главниот Координативен Кризен Штаб ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести, кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела.
Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава, како и за покачување на вакцинацијата во државата.
На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада.


