Алтернатива Настани

АФМ организира “Женско Рели 2020”

Сподели:

 

Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ на 07.03.2020 организараат „Женско рели“ на 07.03.2020 по повод меѓународниот Ден на жената – 8 март.

Програма
Сабота, 07.03.2020 (Спортски центар Борис Трајковски, Скопје)

08:30-09:30 Административни проверки и верификација
09:45 Брифинг со натпреварувачи
10:00 Свечено отворање на натпреварот
10:30 Старт на натпреварот
13:00 Прогласување на победници (Ресторан Ден и ноќ)

Натпреварот ќе се состои од 2 етапи:
1. етапа – возење по патна книга со зададено максимално време и задолжително поминување низ контролни точки.
2. етапа – брзински испит во вешто возење т.н. гимкана.

Според правилникот учесничките ќе бидат поделени во 4 класи во зависност од кубикажата на возилата:
Класа 1: возила до 1.200 ссм.
Класа 2: возила до 1.600 ссм.
Класа 3: возила до 2.000 ссм.
Класа 4: возила над 2.000 ссм.

Учеството за сите екипажи е бесплатно, а се учествува со сопствено возило.

За сите учеснички се предвидени изненадувања и награди од организаторот и покровителите на манифестацијата, а за најдобрите по класи ќе има свечено прогласување во ресторанот Ден и ноќ.

Пријавување и сите дополнителни информации на katz@pungas.com

Сподели: