МЗ: Вчера се аплицирани 14.615 вакцини

Сподели

 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.294 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани.  

Со последните бројки 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  49 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.   

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.  

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.