МЗТ Скопје на чекор од одбрана на титулата, декласиран Куманово со 91-73

Сподели

Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа со 2-1 во победи во финалето на кошаркарскиот плејоф на Македонија.

mzt-kum 12

Во СЦ Јане Сандански, МЗТ Скопје го победи убедливо Куманово со 91-73 и се доближи на само една победа од одбрана на титулата и продолжување на својата доминацијата со македонската клупска кошарка.

Во првите три четвртини гостите од Куманово беа речиси рамноправен ривал. Сепак, кога беше најпотребно „металците“ со 21:11 ги добија последните десет минути и заслужено поведоа со 2:1 во големото финале.

Тимот на Александар Јончевски се доближи до тронот и освојување на својата петта титула по ред.

Дамјан Стојановски со своите 19 поени беше лидер на шампионот за кој Мијатовиќ додаде 18 поени и 15 скокови, a уште четири други играчи беа двоцифрени во нападот.

Кај гостите најефикасен со 17 поени беше Костоски, Трајковски додаде 13 поени.

Следниот 5-ти дуел од финалето се игра в петок во Куманово.

The post МЗТ Скопје на чекор од одбрана на титулата, декласиран Куманово со 91-73 appeared first on Спорти.


Source: Sporty