Вести

На бугарско-турската граница запленети 200 килограми хероин

Сподели:

Издадена е наредба, во камионот со тежина од 22 тони, да бидат отоворени сите 44.000 конзерви. Одговорните велат дека по отворањето на сите конзерви можно е да се зголеми количеството на запленетиот хероин.

thumbs_b_c_78ac15ec72f59e83386b7ff16c80ddf8

СОФИЈА (АА) – На бугарско-турската граница, на граничниот премин Лесово запленети се 200 килограми хероин, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на државното обвинителство, Румјана Арнаудова, соопшти дека во обид да ја премине границата од Турција кон Бугарија, било извршено пребарување на еден камион со ирански таблички поради сомнение во врска со стоката што ја пренесува.

По рентгенското скенирање на камионот, кој пренесувал доматно пире за Холандија, востановена е вискозност на содржината на пакетите.

Во отворените 400 конзерви доматно пире запленети се 200 килограми хероин. Била издадена наредба да бидат отоворени сите 44.000 конзерви во камионот со тежина од 22 тони. Одговорните велат дека по отворањето на сите конзерви можно е да се зголеми количеството на запленетиот хероин.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Јамбол, во чија област спаѓа Лесово, подигна сестрана истрага во која првично го конфискувала камионот и го притворила шоферот.

Сподели: