СТАВ: СИНОЛИЧКА ТРПКОВА

Сподели

 

sinolicka-trpkova

УКИМ е рак-рана на дпмне.Тоа е последниот “независен” бастион на слободната мисла. Се ќе направат да го растурат. И кога тоа ќе се случи, ние всушност и фактички нема да постоиме.

Тие се имаат, освен уким. Секој потег на одговорните на уким од професори до ректори од сега ќе биде подлупа. Тоа што СМЕ сите ние е УКИМ – знаењето, јазикот, историјата, културата, меморијата, свесноста за себе. Ете тоа сакаат да го избришат. Излажаните и купени млади луѓе се нивно главно оружје (СПУКМ). Сите барокни кафези се само форми од гипс и керпич…но диригирањето со младиот човек е нивната суштина. Тоа е загадување на изворот на слободата.

И тука ние професорите, заедно со нашите освестени и храбри студенти, имаме многу јасна мисија. И покрај молкот на нашите колеги, сите сме подеднакво свесни за оваа состојба. И повеќе сум од сигурна дека секој од нас, на свој начин ќе се бори против коруптивната мисла и дека Кирил и Методија нема да се превртуваат во гроб. Ако воопшто некој биде виновен за падот на УКИМ тогаш тоа ќе бидеме ние, а не тие! Но, неговиот опстанок е и наш опстанок! Затоа, главата горе зашто имаме избор – да се сакаме и почитуваме себе си, прво, зашто знаеме кои сме и што можеме! Да живее критичката и слободна мисла!