Симовски: На пописот нема да има злоупотреби- ќе се користи комбиниран метод

Сподели

“Лицата кои живеат во странство ќе се попишуваат на два начина. Прво ќе се овозможи преку посебна апликација на нашата веб страница овие лица сами да се попишат, а втората можност ќе биде за лицата што се во странство да добиеме податоци од нивни блиски роднини, членови на домаќинствата кои се наоѓаат во земјава. Во однос на стравувањата дека ќе има какви било злоупотреби во овој дел, нека не се плаши никој со оглед на тоа што во овој попис ќе се користи т.н. комбиниран метод. Се ќе се проверува ќе користиме и регистри, се ќе се провери и нема да може се протне никој  што не е единица за попис”, – изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.