На историскиот референдум 1991 година, граѓаните на Македонија се изјаснија за суверена и самостојна држава

Сподели:

Граѓаните на Македонија на историскиот референдум од 8 септември 1991 година, се изјаснија за суверена и самостојна држава.

Со убедливо „за“ на 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава.

Референдумот беше пресвртница за процесот на создавање независна македонска држава и воспоставување сопствени институции, безбедносен систем и економски политики.

Денот на независноста, 8 Септември, е еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – ден кога граѓаните, во услови на распаѓање на поранешната југословенска федерација, демократски ја избраа самостојноста како пат за иднината на државата.

Првите повеќепартиски парламентарни избори во Македонија беа одржани во 1990 година, со што започна процесот на политички плурализам и демократска трансформација на политичкиот систем. Беше избрана првата Влада, предводена од Никола Кљусев. Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, донесена на 25 јануари 1991 година, основна цел на Владата беше конституирање на Македонија како независна држава.

Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија, но со додвавката во прашето која гласеше „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“, усвоен е Уставот на Република Македонија, како и монетарното осамостојување на државата.

„Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден Сојуз на Суверените држави на Југославија?“ Ова беше прашањето на гласачкото ливче на референдумот на 8 септември 1991, за кое над 90% македонските граѓани се изјаснија и заокружија „ЗА“.

„Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“ – одекна гласот на првиот претседател Киро Глигоров вечерта на 8 септември 1991-та од плоштадот Македонија.

За денеска предвидени се повеќе активности по повод одбележувањето на 35-годишнината од осамостојувањето.

Сподели: