На меѓународната олимпијада по хемија нашите ученици освоија 3 бронзени медали

Сподели

 

Вчера во Цирих, Швајцарија, заврши 55. Меѓународна олимпијада по хемија (IChO 2023) на која учениците од Македонија освоија три бронзени медали и една пофалница, соопштија од Сојузот на хемичари.

Оттаму додаваат дека Филип Бојаџиевски, ученик во СУГС гимназија „Орце Николов“ во Скопје, Марио Ванчоски, ученик во СОУ гимназија „Славчо Сојменски“ во Штип и Петар Мирчевски, ученик во СОУ гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп освоиле бронзени медали, а Марија Петрова, ученичка во СУГС гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ добила пофалница.

Водачи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, и проф д-р Марина Стефова, редовен професор на ПМФ, Скопје.
 
Фото: Фејсбук