Алтернатива Настани

Награда Ел ГРЕКО за најдобар уметник на “Арт Тесалоники 4” на Мице Јанкуловски

Сподели:

 

На Арт Тесалоники 4, каде беше претставена изложбата „Неочекуван дијалог – ПИКАСО и ЈАНКУЛОВСКИ – керамики и слики“, Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО за најдобар уметник.
Куратор на изложбата е проф. Манос Стефанидис од Атина, кој за проектот ќе рече:

“Пабло Пикасо, легендата на модернизмот и меѓународниот сликар Мице Јанкуловски кој изложува во рамки на Остен Павилјонот на Биеналето во Венеција и е награден со највисоката награда „Лоренцо Ил Магнифико“ за животно остварување на Биеналето во Фиренца оваа година – ќе претстават керамики и големи сликарски композиции од Форма 3 на Јанкуловски на АртТесалоники 4.Заеднички елемент на двајцата креатори е чувството за драма и чувството за игра, чувство за страдање и чувство за страст, кои по дефиниција се нарушени од уметничкото творештво. Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог.”

Еден факт е: Оваа година АртТесалоники 4 постави високи стандарди!

За изложбата е изготвена ексклузивна публикација која заедно со монографската книга „Мице ЈАНКУЛОВСКИ – сликарство | Форма III“ ќе бидат промовирани ова попладне во рамките на Арт Тесалоники 4.
Сподели: