Наградата „8 Септември“ за Трајчо Димков за животно дело во развојот на спортот

Сподели:

Денеска, во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2026 година.

Трајчо Димков е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план (борење).

Додека наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери (селектори) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.

Сподели: