Вести Свет Ударни вести

Најголема воена парада во историјата на Кина

Сподели:

 

Во Пекинг се одржа најголемата воена парада во историјата на Кина, на која учествувале 15.000 војници, 580 единици на техниката, 160 авиони и хеликоптери.

 

 

Грандиозната парада која се одржа на Плоштадот Тјенмен траела 80 минути. На оваа парада е прикажана кинеската воена технологија развиена во последните 70 години, и ја промовираше новата суперсонична крстосувачка ракета ДФ-100 или ЦЈ-100. Според извештаите на медиумите оваа ракета може да го уништи американскиот противракетен систем и да погодува цели на голема оддалеченост.

 

 

Воената парада во Пекинг ја следел и претседателот Си Џинпинг облечен во сива униформа, која многу наликувала на униформите кои ги носеле кинеските раководители во времето на настанувањето на Републиката, пренесе Ројтерс.

 

 

Сподели: