Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Претепан е секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

Сподели:

 

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков, дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, синоќа бил претепан од три лица пред угостителски објект во центарот на градот.

Информацијата на Фејсбук ја објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој извести и дека Пендиков е примен в болница.

„Насилството, омразата и дискриминацијата треба да сопрат! Очекувам моментална реакција од властите во двете земји! Оваа состојба е неподнослива. Политичката класа, медиумите и академската заедница создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Европските институции, се разбира, ќе бидат информирани“, напиша Ковачев.

 

 

„Не можеме да стоиме и само да го чекаме моментот во којшто ќе прочитаме и вест за убиен Бугарин во Македонија“, напиша Костадинов на Фејсбук.

Случајот го потврди и МВР од каде што велат дека според пријавата инцидентот започнал во угостителски објект во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Секретарот бил пренесен во охридската болница каде што му констатирале тешки телесни повреди.

„На 19.01.2023 околу 22:30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј ’Македонија‘ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид“, наведуваат од МВР.

Сподели: