Вести

Најмалку 25 загинати во два бомбашки напади во Багдад

Сподели:

bagdad

Најмалку 25 лица загинале, а околу 70 се ранети во два одвоени бомбашки напади што утрово се случиле во Багдад, соопшти ирачката полиција.

Цел на нападите биле воен пункт и деловниот кварт во Багдад.

Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истиснат милитантите на Исламска држава од Фалуџа, град кој се наоѓа на околу 50 километри западно од Багдад.

Како што пренесуваат светските агенции, во деловниот дел на градот експлодирал автомобил полн со експлозив. Во овој напад животите ги загубиле 15 луѓе, а 50 биле ранети.

http://meta.mk/najmalku-25-zaginati-vo-dva-bombashki-napadi-vo-bagdad/

Сподели: