НАСА откри нови планети

Сподели

 

Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека се откриени 7 нови планети оддалечени 40 светлосни години од Земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Планетите што се откриени во орбитата на ѕвездата именувана Трапист-1, во соѕвездието Водолија коешто се наоѓа надвор од Сончевиот систем во галаксијата Млечен Пат, биле слични со Земјата.

Научниците истакнаа дека три од овие планети имаат структура што може да го поддржи присуството на вода, како и опстанокот на живите суштества.

Според соопштеното, планетите формираат цврста мрежа околу бледата ѕвезда Трапист-1, која има големина приближно колку Јупитер, и имаат копнена и карпеста структура. Со цел да се види дали тие би го поддржале животот на живите суштества, треба подетално да се испитуваат атмосферите на овие планети.

Откритието е на Мајкл Гилон, професор во Универзитетот „Лиеж“, и неговата екипа, а тие тврдат дека е можно да постојат повеќе планети слични на Земјата.

„Од сето ова може да се каже дека направивме историски чекор на патот кон откривањето на нови животи надвор од Земјата. Сознанието дека постојат многубројни други планети во галаксијата Млечен Пат со големина на Земјата е нешто неверојатно“, истакна членот на истражувачката екипа, Амори Триауд, професор во Универзитетот „Кембриџ“.

„Над 200 милиони ѕвезди постојат во нашата галаксија. Доколку во секоја од овие галаксии има по 10 планети слични со Земјата, останатото пресметајте го вие“, вели еден од другите членови од екипата, Емануел Јехин, професор на Универзитетот „Лиеж“.

Гилон и неговата екипа минатата пролет соопштија дека откриле 3 планети во Трапист-1 и околу неа. Но сега оваа бројка се покачи на 7. Екипата нагласи дека бројот на откриени планети во блиско време може уште да порасне.

Откритијата на ова истражување ќе бидат објавени во списанието „Нејчр“.

Anadolu Agency