„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска во Куќата на Робевци

Сподели:

Самостојната изложба „Наследена носија“ на Мила Добревска ќе биде отворена денеска на 23 април во Охрид, со почеток во 19 часот, во Куќата на Робевци, во организација на Галерија Пионери.

Изложбата е инспирирана од традиционалната орнаментика и вез, при што авторката преку современи техники и материјали ги преиспитува основните ликовни елементи. Делата претставуваат спој на наследените вредности и современиот општествен контекст, со акцент на идентитетот и улогата на македонската жена.

Проектот е наменет и како потсетник за младата генерација на вредностите како добрина, љубов, истрајност и критичка свест, прикажани преку дијалог помеѓу минатото и сегашноста.

Сподели: