НАСТАНИ: Д-ФЕСТИВАЛ 2016

Сподели

MDdfesivalfestivali

Дојран,  15 Јули, 12:00ч

Основан во 2011 година и израснат од идеата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – „Д Фестивал“ веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува уникатна вечер исполнета со позитивна енергија. Д Фестивал продолжува како традиција, но секоја година со уште поголеми очекувања, со сигурност зацврстувајќи се како симбол за незаборавно концертно искуство и традиционална дестинација за сите фанови на автентичниот дух на летните фестивали. Секоја година Д Фестивал е дестинацијата за забава на повеќе од 4.000 посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти како Stereo MC’s, Sonique, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Bernays Propaganda, String Forces, Суперхикс, АРЕА, С.А.Р.С., Baildsa, Зијан и други. Со нетрпение се очекува секое следно издание, а самиот датум на фестивалот (втората половина на јули) е сезона која секоја година е сѐ повеќе посетена од интернационални и домашни туристи и сѐ поголем број на луѓе кои веруваат во потенцијалот на Дојран. Со ширењето на добриот глас за сѐ повозбудливите фестивалски изданија, сѐ повеќе луѓе одлучуваат својот годишен летен одмор и најдобриот летен фестивалски настан да го поминат токму во Дојран. Резултатите и реакциите од минатите изданија на фестивалот, донесоа логичен прогрес да се прошири фестивалскиот обем во поглед на понудата и капацитетот. Во 2016 година Д ФЕСТИВАЛ го прославува својот шестти јубилеј и по тој повод фестивалот го подготвува најголемото издание досега, со тридневна музичка програма која ќе се одвива од 15. до 17. Јули, на повеќе фестивалски бини и со камп за своите посетители, лоциран покрај плажата на прекрасното Дојранско Езеро.