Вечерва на 28 мај, со почеток од 20 часот, во Македонската филхармонија како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска.
Популарна програма со најпознатите дела од музичката класика! Ги слушаме “Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди кои ќе не поведат на живописно и колоритно музичко патување низ природата, и Симфонијата бр. 40, една од најпознтите во богатиот опус на неповторливиот Волфганг Амадеус Моцарт!

Концертот се реализира во соработка со фестивалот “Сцена на Албанската сериозна музика”.
На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика”


