Алтернатива Настани

„НаТочак“ на протест „Велоград во контејнер“

Сподели:

 

Во знак на револт поради неодамнешното поставување на новите контејнери среде велосипедски патеки, денеска групата #НаTочак, ќе вози низ Скопје, со пропратни за протестни акции.

Од групата #Наочак, што ја организира акцијата Критична маса, велат дека дека на нивните прашања за изборот на локации за поставување на контејнерите властите молчат цел месец, па заклучуваат дека нестручни лица го правеле планот, за поставувањето на контејнерите не е размислувано пред да се направи набавката, не се почитувани стандардите за урбанистичко планирање ниту консултирани стручни лица.

„Ова се сериозни пропусти во работењето на една градска администрација. Искрено, се надеваме дека е ова привремено решение и дека ваков непрофесионален пристап нема да се повтори. Се надеваме нема да има посериозни последици во меѓувреме како загрозување на животи, а штета во смисла на демотивирање на движењето пеш и со точак. Нашето единствено барање е да се дислоцираат контејнерите од велосипедските патеки и да се најде друго место за нив“, велат од иницијативата.

Тие бараат сериозна ревизија на локациите за контејнерите и сериозно добри локации, а градот да ги дислоцира новите контејнери од велосипедските и пешачките патеки.

Зборно место е Плоштадот Македонија, во 17,30 часот, а ќе се вози по оваа рута, со попатно застанување за протестни акции.

Сподели: