Алтернатива Настани Ударни вести

Национална хуманитарна акција на Сите сити – „Нахрани 10.000″

Сподели:

 

Сите сити по четврти пат ја организира националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна.

„Нахрани 10.000“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани.

Оваа октомвриска акција ќе се одржи на 26. октомври, сабота, со почеток во 10 часот и ќе трае се до 18 часот, во Скопје, Битола, Велес, Кочани, Штип.

„Приклучи се! Донирај конзервирана и нерасиплива храна. #ХранаНеСеФрла“, стои во повикот на „Сите сити“.

На претходните акции се вклучија повеќе граѓани во градовите низ Македонија. Илјадницие граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Сподели: