Спорт

Навивачите во ШОК! – Кристијано доживеа нешто што никој не го очекуваше од Јунајтед!

Сподели:

Кристијано Роналдо, иако најави заминување од Манчестер Јунајтед, вечерва го започнува последниот контролен натпревар на „црвените ѓаволи“ против шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано на „Олд Трафорд“ пред почетокот на Премиер лигата.

Верувале или не, Кристијано Роналдо ќе го предводи нападот на Б тимот на Манчестер Јунајтед, во кој се најдоа и новајлијата, Данецот Кристијан Ериксен и Аргентинецот Лисандро Мартинез.

Главниот тест на Манчестер Јунајтед предводен од новиот тренер Ерик тен Хаг беше во Осло против Атлетико Мадрид од кого загуби со минимални 1:0.

Јунајтед го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи Бразилецот Фред беше исклучен во последните моменти од натпреварот.

Претходните денови на големо се шпекулираше дека Кристијано Роналдо би можел да ја продолжи кариерата токму во Атлетико, поради големата желба да игра во Лигата на шампионите, во која нема да учествува оваа сезона Манчестер Јунајтед.

Сепак, „јорганџиите“ се остро против доаѓањето на Роналдо, кој не ги заборавиле неговите провокации и неспортски потези додека беше главна ѕвезда во тимот на градскиот ривал Реал.

The post Навивачите во ШОК! – Кристијано доживеа нешто што никој не го очекуваше од Јунајтед! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: