Спорт

Ова е планот на Леброн да заигра со неговиот син Брони во НБА – Со 37 години не размислува за пензија!

Сподели:

Иако Лејкерси целосно паднаа по освојувањето на титулата во 2020 година и сега се мачат да стигнат до плејофот, Леброн Џејмс не планира да го напушти тимот.

фото: Jay LaPrete/Associated Press

Тој наводно е „исклучително среќен“ во Лос Анџелес, но има една причина зошто би го напуштил овој тим. А тоа е да игра на друго место со неговиот син Брони!

Леброн Џејмс Џуниор има 17 години, игра плејмејкер и бек за средното училиште Сиера Кенион и прашање е дали воопшто ќе оди на факултет.

Брони има 17 години и ќе мора да почека додека да заигра во НБА, а за тоа време неговиот татко ќе игра за Лејкерс.

Во моментов, Леброн има уште една година од договорот со Лејкерси од 44,5 милиони долари, а планот е наводно да му истече договорот и потоа да потпише нов максимален двегодишен договор вреден 97 милиони долари.

Дотогаш се очекува сега 17-годишниот Брони да биде подготвен за НБА, иако прогнозите за него често се менуваат.

Кога имал девет години, еден тренер на NCAA се пошегувал дека треба веднаш да го донесе на неговиот колеџ, а кога следната година почнаа да доаѓаат понуди на адресата на Леброн постариот, тој се налути.

фото: ClutchPoints

Тој рече дека не е нормално некој да „регрутира“ десетгодишно дете за факултет и тоа треба да биде казниво. Во еден момент навистина се чинеше дека Брони може да тргне по стапките на својот татко, но минатата сезона беше послаб од очекуваното.

Сигурно веќе има искуство да игра со НБА играчи бидејќи со него во средно училиште играле Брендон Бостон кој сега игра за ЛА Клиперс и Заир Вилијамс од Мемфис.

The post Ова е планот на Леброн да заигра со неговиот син Брони во НБА – Со 37 години не размислува за пензија! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: