НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ЈАПОНСКИ ФИЛМ

Сподели

14469489_10153979424301608_6689397781641925103_n

НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН ЈАПОНСКИ ФИЛМ

Кинотека на Македонија, 26-39 септември

ПОНЕДЕЛНИК | влез слободен
САМУРАЈОТ НА МАЧОРОТ (Neko samurai) е филм адаптиран и насловен според истоимената серија снимена година порано. Главниот лик е невработениот самурај Мадараме кој прифаќа работeн ангажман од една самурајска банда. Тој треба да ја убие мачката на конкурентската банда, затоа што го има повредено кучето на тие што го најмуваат. Приказната се заплеткува кога Мадараме ќе одлучи да ја зачува мачката, наместо да ја убие.

ВТОРНИК | влез 50 денари
ДОСИЕ: СПЕЦИЈАЛНА ЗАДАЧА (ST: Aka to Shiro no Sôsa File) е филм именуван според истоимената мини-серија. Серијата е базирана врз книгата ”СТ: Кеишико Когаку Токосоу“ (ST Keishicho Kagaku Tokusou Han). Се работи за полициска серија во која главните ликови се членови на специјален тим. Секој од нив има по некој талент кој се граничи со натприродното, па меѓусебно се дополнуваат кога треба да делуваат.
Филмот започнува со една неразјаснета сообраќајна незгода, која наводно била предизвикана од хакерот Тору Кабураги.

СРЕДА | влез 50 денари
ЛЕТЕЧКИОТ ЗАМОК (The Floating Custlе) е воен филм базиран според опсадата на замокот Оши. Овој замок се стекнал со популарност токму по овој настан, а настаните во филмот се верни на фактите. Дејствието на филмот се случува за време на јапонскиот период Азучи-Момојама (1568-1600), периодот кога Јапонија се обединувала повторно.
Замокот Оши е опседнат од страна на регентот Тојотоми Хидејоши. Кланот Хоџо, којшто располага со четириесет пати помалкубројна војска, одлучува да им се спротивстави. По храбрата одлука на Нарита Нагачика, се одвива крвавата битка во која се користат разноразни воени стратегии и надмудрувања.

ЧЕТВРТОК | влез 50 денари
ТРКАЛЕЗНАТА МАСА (The Round Table) е филм наменет пред сè за деца од претшколска возраст. Причината поради која овој филм е сместен во оваа категорија не е заради тоа што голем број од актерите се деца, туку поради педагошката фунција на сценариото за овој филм. Приказната, пред сè, е сконцентриран околу животот на малата Коко, која има тежок карактер. Таа живее во голема фамилија, но ѝ недостига внимание, па затоа наоѓа разноразни начини за да го привлече вниманието на своите соученици и блиски луѓе. Таа се соочува со своите проблеми и пробува да излезе на крај со нив.
Филмот има одлична фотографија. Ефектите исто така ги има во изобилие и го прават овој филм подостапен за децата, па дури и движењата на камерата во одредени сцени се разиграни токму како за детски филм.

ПЕТОК | влез 50 денари
СОБИРАЧ НА ВРЕМЕ (Time Scoop Hunter) е научно-фантастичен филм кој ја третира темата: патување низ
времето. Дејствието се одвива околку еден артефакт кој е од голема вредност и кој треба да се врати на правото место во шеснаесетиот век. Гоносуке и Шимаи се најмени од една компанија која егзистира во иднината за да се погрижат за предметот.
Парот посетувајќи неколку локации во различни временски периоди, запаѓа во компликувани ситуации
кои делуваат возбудливо.

Сите проекции се со почеток во 20:00 часот.