Неделен хороскоп: 03.07 – 09.07.2017

Сподели

 

Овен

Се наоѓате во поволна ситуација да влијаете на одредени услови или на новиот тек на случувањата на работната сцена. Важно е да го сочувате добриот работен рејтинг и да оправдате нечија доверба. Размислете за промена на досегашните критериуми, не дозволувајте некој да ви диктира одредени услови, приоритети или правила во службената соработка. Постои личност која непотребно ја отежнува вашата работна или статусна позиција. Во својот емотивен занес имате големи очекувања и потреби, но партнерот не е во состојба да ги исполни сите ваши желби и барања. Љубовниот компромис претставува добро решение, под услов да го добиете максимумот на партнеровото внимание во однос на реалните можности. Но, вие често делувате сомнително или нескромно во своите желби.

 

Бик

Делувате активно на различни страни и имате доволно самодоверба, што претставува добар предуслов за понатамошен професионален напредок. Умеете вешто да искомбинирате практични решенија со расположението на своите соработници и да ги остварите заедничките интереси. Бидете умерени при финансиските инвестиции. Вашиот работен успех се заснова на добрата проценка и на деталното планирање. Непрекинато го анализирате својот однос со саканиот(ата) во намерата да разрешите различни дилеми. Не дозволувајте некој друг да ги толкува вашите чувства или да ги објаснува вашите намери. Бидете искрени и отворени на средбата со саканиот(ата). Храброст е ако умеете на вистински начин да ги изразите своите емотивни доблести или слабости.

 

Близнаци

Барате најдобар начин да одговорите на нечии барања и да ги сочувате своите работни интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои службено-финансиски договори кои немаат пресудно значење за вашиот статус или понатамошниот тек на случувањата. Не дозволувајте малата загуба во материјална смисла да ве обесхрабри. Мудро почекајте време на подобри услови. Делувате напнато во љубовниот однос, не го добивате вниманието кое го очекувате. Некој не се осврнува на вашите желби или пораки. Партнерот најчесто ја спроведува својата волја, ви се чини дека полека се одалечувате од заедничките планови. Проверете ги своите емотивни сомнежи на време и преземете иницијатива.

 

Рак

Се наоѓате во креативна фаза на творечките можности, ви се нуди нова шанса да остварите работно-финансиски успех или напредување по статусното скалило. Интересни идеи и работни понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги. Важно е да имате добро претчувство, како основна водилка во љубовниот живот. Расположени сте за нова љубовна романса или за возбудливи случувања, кои треба да го разубават вашиот однос со саканиот(ата). Не ги криете своите емотивни очекувања или намери, сакате да ги остварите своите „тајни сништа“. За среќа, партнерот во потполност е на ваша страна.

 

 

Лав

Нови случувања на работната сцена или нечие однесување може да ве успори во спроведувањето на важни планови. Но, со дополнителна упорност ве очекува добар епилог во секој поглед. Успехот има релативно значење и толкување, поради тоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинско место или пред личност која има доволно слух за слични работни интереси. Делувате загрижено, но некој од страна не може да го искомпликува вашиот љубовен живот или плановите кои ги имате со саканиот(ата). За среќа вие сте доволно искрени и одлучни во своите намери, нема да дозволите за вас да се шират „лоши гласови“. Умеете да го засените опкружувањето и да го задоволите партнерот.

 

Девица

Упорно ги браните своите работни или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија на различни страни. Нема потреба да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на работните правила. Поради бројните обврски свесно пропуштате различни случувања во приватниот или љубовниот живот, партнерот ве опоменува на „грешките“ кои ги правите. Забележувате чести промени во расположението или необично однесување кај саканиот(ата), но не ја согледувате вистинската причина. Потребно ви е подобро взаемно разбирање и ново емотивно зближување.

 

Вага

Имате направено погрешна работно-финансиска проценка, така што ве очекуваат дополнителни компликации, но се може да се надмине на добар начин во договор со соработниците. Добро размислете на кој начин треба да ги сочувате професионалните интереси. Важно е да се вратите на претходните позиции, бидете промислени, нема потреба гласно да зборувате за своите работни намери. Различните забелешки кои ги упатувате на саканиот(ата) во изненаден налет на емоции или страсти, воглавно стануваат без саканиот одѕив. Партнерот останува во уверување дека се разбира подобро од вас во низа на различни теми или области од заедничкиот живот, што дополнително ве иритира. Поради нови несогласувања и „емотивни замки“, делувате напнато или вознемирено.

 

Шкорпија

Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш работните случувања неочекувано ви бегаат од контрола. Се обидувате да усогласите разлини случувања и да оставите добар впечаток на своето опкружување. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците. Поради тоа, здружете ги своите интереси со личност за која ве врзуваат слични идеи и позитивно искуство. Чувствувате голем занес и потреба да ја проверите својата љубовна среќа или нечија емотивна наклонетост. Во налетот на емотивна инспирација, тешко поставувате граница помеѓу своите слободни фантазии и рамките на реалноста. Важно е да чувствувате позитивен импулс. На повидок е и ново познанство кое ќе ве заинтересира.

 

Стрелец

Добро сте информирани за нови ситуации на работната сцена и важно ви е да остварите низа значајни цели. Се наоѓате во одлична психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во службено-финансиските преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат бројни подобрувања во односот со соработниците. Смислено го одложувате соочувањето со одредени дилеми во љубовниот живот, но некој ве опоменува на дадените ветувања. Нови изговори не може да ве оправдаат пред блиска личност. Важно е да ги усогласите својот разум и чувствата. Доколку сте слободни, ви претстои ново познанство или неочекувана љубовна романса.

 

Јарец

Посветете внимание на новите професионални можности, како би ги прошириле своите сознанија и искуство од различни области. Нема причина да се залажувате дека моменталните резултати се вашиот работен максимум. Ако премногу се опуштате и препуштите работите сами да се движат по својот тек, некој друг може да ве потисне од „првите работни редови“. Секој вид на лично усовршување претставува важен напредок. Светот околу себе го посматрате со различни очи и во ведри тонови, се чувствувате задоволно, спокојно или среќно во близина на саканиот(ата). Со својата појава или стил на изразување привлекувате големо внимание и делувате шармантно на друштвото околу себе. Постои личност која ги поттикнува вашите емоции и фантазија.

 

Водолија

Делувате многу амбициозно и непрекинато ги проширувате своите професионални интереси, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателни во комуникацијата со службените партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации или неразбирањето на правилата во заедничкото работење донесува нови компликации. Некој може да ги реши вашите финансиски дилеми. Нема причина лесно да ја подарувате својата емотивна доверба, добро размислете за се што се случува помеѓу вас и личноста која неодамна ја имате запознато. Имате впечаток дека партнерот вешто ги крие своите намери, што дополнително влијае на вашата емотивна несигурност или нервоза. Упорно трагате за нови случувања и вистина.

 

Риби

Се имате подготвено за серија на нови случувања на работната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја имаат изневерено вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи работни амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите работни амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите работни контакти во различни правци и преземете дополнителна иницијатива во согласност со актуелните случувања. Саканиот(ата) делува нестрпливо во исчекување да ги исполните своите ветувања, но вие имате добра љубовна стратегија и ништо не препуштате на случајот. Се одѕивате на различни повици и го користите својот шарм во нови контакти или љубовни освојувања. Умеете да блеснете во полн сјај во вистински момент. Ќе ве израдува едно необично познанство.