Алтернатива Настани

„Необичен роденден” – забава за сите деца во МКЦ

Сподели:

Во МКЦ утре ќе биде организирано големо дружење меѓу деца без и со посебни потреби, насловено како „Необичен роденден“.

Настанот е поддржан од невладината организација Аутизам ААМК и голем број граѓански активисти.

Средбата има за цел да покаже дека децата иако се различни сепак се многу слични и тие не прават разлика дали некој има или нема аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа или дали некое дете е во инвалидска количка.

Со овој настан започнува проектот на откривање на инклузивни објекти и услужни дејности во Македонија, со кој сите ќе можат подеднакво да учествуваат во социјалниот живот во адекватни услови.

Сподели: