Вести Свет

Нетанјаху: Победата на Трамп не менува ништо, и понатаму сум за моделот две држави

Сподели:

netanjahu

ЕРУСАЛИМ (АА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека победата на Трамп на ноемвриските претседателски избори во САД не го менува неговиот став и понатаму како шеф на израелската Влада да го поддржува решавањето на израелско-палестинското прашање на основа на две независни држави, пренесува Anadolu Agency (AA).

Победата на Трамп ги охрабри радикалните израелски групи коишто му сугерираа на премиерот Нетанјаху да ја интензивира изградбата на еврејските населби на окупираната палестинска земја, па дури и да се откаже од идејата да се воспостави Палестина како независна и суверена држава.

Во изјавата преку видеолинк во неговото обраќање на форумот „Шабан“, премиерот Нетанјаху изјави дека и понатаму ја поддржува идејата за воспоставување две суверени држави.

„Не го променив ставот за поддршка на решението по моделот две држави, два народа“, изјави Нетанјаху и додаде дека Палестинците мора да го признаат Израел како татковина на Евреите.

Меѓународната заедница речиси едногласно ја поддржува идејата за решавање на палестинско-израелскиот конфликт на основа на воспоставување две држави. Главниот проблем во тоа решение е тоа што Израел ги одбива палестинските барања за повлекување од окупираната палестинска земја по 1967 година.

Сподели: