Израел: Нетанјаху сослушан под сомнеж за корупција

Сподели

Израелската полиција денеска го сослуша премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во премиерскиот кабинет, во врска со обвинувањата за негова поврзаност со корупцискиот скандал околу телекомуникацискиот гигант „Безек“, јавува МИА.

Во врска со скандалот веќе се приведени двајца пријатели на Нетанјху, кои се обвинети дека лобирале за усвојување на прописи со чие спроведување компанијата „Безек“ заработила неколку стотици милиони долари.

За возврат „Безек“ преку неговиот новинарски сајт „Вала“ пласирал афирмативни вести за Нетанјаху и неговата работа.

Израелскиот премиер од своја страна отфрла каква и да било поврзаност со скандалот, обвинувајќи ги медиумите дека спроведуваат „лов на вештерки“ против него.