НЕВИДЕНИ ЛУДАЦИ! – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

Додека професорот се шетал во друшто на богат студент, виделе сиромашен селанец кој целиот во пот се мачел да го обработи земјиштето. Богатиот студент му вели на професорот -“Aј да му ги сокриеме кондурите на овој бедник па да видиме како ќе изреагира!” “ А, не”- одговорил професорот -“ќе постапиме сосема спротивно. Во секој чевел ќе му ставиме по три златника.”  Уморниот селанец ја завршил работата и зел да ги обуе скинатите чевли, кога приметил дека нешто има во нив. Се запрепастил кога  видел шест златници за кои можел само да сонува. Видно возбуден ги кренал рацете кон небото и со сиот глас со плачење, полн со солзи, извикал – „Господе, благодарам што се сети и на мене веќе напуштен од сите, за да можам конечно своите гладни деца да ги нахранам. А и болното дете ќе можам да го носам на лекување“.  Професорот се загледал во веќе насолзените очи на студентот и му кажал – “Гледаш колку е тешко да се разбере состојбата на другиот?”

Бившото водство во својот транс на алчност, заборави на состојбата на два милиони изнапатени луѓе. Осиромашени, напуштени, газени, опљачкани, силувани, трпеа за да ги удоволат болните страсти на умноболни водачи. И сега кога се случува партиски бродолом, наместо да отстапат и да и овозможат на партијата која од нив направи милијардери да исплива, тие како огромен камен и се врзаа за врат. Груевски залудно настојува и понатаму да ја води партијата која ја претвори во мафијашска организација, несвесен дека целата партија ја влече кон дното. Огромен дел од членството веќе се свесни дека секој ден со Груевски е ден помалку за партија. Песната за заговорите и спасителите веќе не ја слушаат ниту во главните органи на таа партија. Да се спаси тоа што е можно, може само без Груевски и кликата. Групните извици диригирани повеќе служат за хумор отколку полза. Оти кој игра валкано сигурно дека завршува во кал.

Не се продава приказната дека Заев им поклони историја на Бугарите, оти реално постапките на двете страни беа толку избалансирани што и бугарското водство не помина без пцовки. И така остана во двете земји, мала група незадоволници, но огромно мнозинство за нормален живот. Се најде политичко решение „вин вин“, а вистинските историчари нека работат со научни докази, но без емотивни пораки за да сегашноста и иднината не бидат робови на минатото. Се виде дека во името на бранењето на народот се бранеле украдените милјарди. За 11 години државата ја доведоа до невиден пустош и светски срам. Го уништија и човечкиот природен инстикт – борба за подобар живот. Се спротиставуваа само мала група луѓе кои беа идентификувани како Дон Кихоти или Сизифи. Луѓето молчеа кога не требаше, а говореа кога најмалку требаше. Но, упорноста секогаш победува, оти тој што верува во невозможното го постигнува неверојатното.

Бугарија е важен сосед, членка на НАТО и ЕУ и може многу да мупомогне на својот сосед. Деструктивната политика со соседите имаше за цел да доведе до заробена држава, кај што ќе има само робови и фараони. Новиот надворешно-политички и меѓусоседски пристап дијаметрално се разликува од досегашниот, кој имаше за цел, не да решава проблеми, туку да создава нови. И денес огромното мнозинството држави во светот имаат некави проблеми со нивните соседи, но тука е умерената политика и вештата дипломатија за истите да гирешаваат. На пример, Кина веќе 70 години има суштински проблеми со Тајван (остров-држава која била дел од Кина, а функционира како независна држава). Тој проблем е повеќекратно посложен од нашиот со Грција, но за нормал-политиката нема пречки овие два ентитета меѓусебно да соработуваат на сите полиња, а тајванските инвестиции во Кина да ја надминат цифрата од стотина милјарди долари годишно. Познато е колку трпеливо оваа држава ги решавала проблемите за Макао и Хонг Конг. Јапонија и Русија имаат голем спор околу Курилскиот архипелаг за островите – Итуруп, Кунашир, Шикотан и Хабомаи, па во 2016 се договорија истите да ги администрираат заеднички. Или пак Индија и Пакистан за Кашмир. Во Европскиот дел од Русија, прибалтичките држави имаат суштински проблеми со таа држава, но никогаш не долеваа бензин во нив. И во нашето соседство има бројни големи проблеми кои вешто се решавале. Хрватска и Словенија се договорија за територијалното море и исходот ќе биде деновиве. Србија и Косово веќе со години преговараат и ги решаваат суштинските проблими сто пати посложени отколку нашиот проблем со името, ама реал-политиката не сака да губи време. Поштедувајќи се себеси, можеме проблемот да го одложиме, но луѓето и државата ќе бидат загрозени. А кај нас се се правело за корумпирање гласачи. Па немаше да се зачудиме и кога државата би им плаќала на пензионерите да јаваат бесни коњи. Сѐ на сѐ, направија лошото да нема никакви временски и просторни димензии.

А нашиот проблем со името беше на пат да згасне, но мината власт со тешки провокации (аеродромот, автопатот, антиката), им даде голем адут на Грците. Замислете кога со ваква логика и ум би пристапиле светските магнати, веројатно светот досега ќе беше претворен во прав и пепел. Хитлер создаде вештачко чувство на загрозеност кај Германците, и потоа настрадаа стотина милиони невини луѓе и семејства.

И сега Груевски без да поцрвени, бара итно интегрирање во НАТО и ЕУ, а цели 11 години неговите Мирки, Лаки, Неделки и слични на нив да плукаат по се што е западно и нормално! Груевски итно бара покачување на платите на докторите, а цели 11 години здравството го држи во кома. Бара балансирани медиуми, кои самиот ги претвори во партиско-мафијашки гласила. Бара непартиско судство, а тефтерчето го накитил со сваровски судии! Се жали што 120 функционери од ДПМНЕ ќе треба да одговараат пред судот, а не жали што два милиони луѓе беа соголени токму од нив! Бара документ за договорот со Бугарите, а 150 илјади свои државјани ги конвертира во Бугари! Тој сега е на пат да ја погребе и својата партија, а за тоа има голема колекција на лопати. Со години партијата ја користеа како мафијашко-криминална организација! Со нивните (не)дела, авторите на пропаста во „сто чекори“ или верувале во кокошја интелигенција на овдешните луѓе, или самите стоеле ниско во тој домен. Оти, дури и просечната интелигенција ќе перциптира одредени лимити, што кај нив ги нема! Да се крадат толку пари и да се мисли дека тоа ќе помине без последици, само по себе е недостаток на интелигенција!

Сега дпмне-вците со сите орудија го напаѓаат Заев оти се плашат од неговиот нормален пат. Тој со својата топла енергија ги стопи сите мразеви со соседите. Кај груевците нормалното се доживува како ненормално. Се им се чини наопаку, оти самите се превртени наопаку, па нормални работи им изгледаат како наопачки! Со нивната лоша политика, државата од регионален крстопат ја претвотија во балкански слеп пат. Загубивме тешки милјарди од пропаста на коридорите 8 и 10 кои поради нашето игнорирање веќе добија сериозни конкуренти.

Да се вратиме на состојбата на другиот! Морала ли шака луѓе нивната среќа да ја гради врз огромната несреќа на два милиони луѓе! Морало ли целото население да излие тони солзи на тага, за да мала група ужива во солзи радосници, во раскошни вили, луксузни јахти и бесни коли. Во водството имавме бројни луѓе ама ниеден човек. А дека се лудаци, самите признаа.