Вести Свет Ударни вести

Невреме во Германија: Град со големина на топче за голф повредило повеќе лица

 

Силно невреме вчера ги зафати Минхен и околината, кое предизвикало голема штета, а повеќе лица се повредени.

Во покраината паѓал град со големина на топче за голф, а ветрот корнел дрва. Градот искршил стакла на многу автомобили, прозорци од згради и предизвикал голема штета на фасадите на многу куќи. Има и повеќе повредени лица кои се затекнале надвор во текот на невремето.

 

Сподели: