Вести Македонија Став Ударни вести

Независните од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски, покажавте дека човечките судбини ви се целосно неважни

Сподели:

 

“Христијан Мицкоски, претседателе на ВМРО ДПМНЕ,

Ја проследивме Вашата прес конференција со неверување и разочарување. Вие очигледно се советувате со луѓе кои на нашата партија не и мислат ништо добро. Наместо да ни честитате на заложбите за нашата партија, да покажете лидерство и обединувачки капацитет Вие, со една изјава избравте да ги омаловажите истите оние кои Ве донесоа на позицијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ, да ги пуштите по вода оние кои неуморно Ве бранат во Собрание, и покажавте дека човечките судбини ви се целосно неважни.

После оваа изјава која ги изненади сите кои Ви веруваа дека немате таква намера, време е да и дадете шанса на партијата да се врати на патот во интерес на граѓаните и цврст да стои ЗА евроатлантската интеграција на нашата татковина. Колеги пратеници, вклучете се со конкретни и конструктивни предлози за да го подобриме ова решение за законот за ЈО, бидејќи очигледно на некого личните амбиции му се поважни од жртвите по пат до тие амбиции. Ваквите политики се на штета на нашата ВМРО ДПМНЕ, која веруваме знаете дека е повеќе од една личност. Таа е идеја за национално единство и евроатлантски интеграции. Вашите одлуки носете ги во тој духЌ – стои во соопштението на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели: