Поповска за новата методологија на ЕУ: Животната средина да се отвори заедно со судството и правната држава

Сподели

 

 

 

На денешната седница на Советот за евроинтеграции во дискусијата за новата методологија на ЕУ за пристапување на земјите од Западен Балкан, пратеничката Поповска од ДОМ предложи поглавјето за животната средина да се отвори заедно со поглавјата за судството и правната држава. Како аргументи наведе дека ова е повеќегодишен процес во кој треба да се вградат знаење, искуство и финансии. Брзото отворање на животната средина ќе овозможи подобрување на здравјето на граѓаните и зачувување на природните ресурси и животната средина.