НГМ: Изложба на дела од сукцесијата на поранешна СФРЈ

Сподели:

 

Изложбата на дела од македонски автори добиени од сукцесијата на поранешна СФРЈ продолжува до крајот на јануари 2017 година, информираат од Националната галерија на Македонија (НГМ).

– Само во првиот ден изложбата ја посетија над 200 посетители независно од публиката која дојде и присуствуваше на отворањето на изложбата, а ваквиот добар одѕив продолжува сеуште. Оттука, со цел задоволување на барањата на публиката, би сакале да ве информираме дека изложбата ќе се продолжи до крајот на јануари – истакнуваат од НГМ.

Изложбата, според Националната галерија, имала особен интерес кај македонската јавност, почнувајќи од професионалната фела, кустоси, историчари на уметноста, критичари и теоретичари, преку уметници, и љубителите на уметноста.

Сподели: