Спорт

Никако да заигра за торинскиот клуб – Погба сега на излезна врата по новата повреда!

Сподели:
погба

Loading

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба ќе отсуствува од терените три недели, поради повреда на бутниот мускул, објави агенцијата Франс прес.

погба

Францускиот играч за врска оваа сезона настапи на само два меча, откако во септември минатата година имаше операција на десното колено.

Според извори од Јувентус, Погба ќе може да се врати во фудбалот по завршувањето на репрезентативната пауза.

Тој се повреди на тренингот во неделата наутро при изведување слободни удари и нема да биде во ростерот на францускиот селектор Дидие Дешамп за почетокот на квалификациите за Евро 2024 година.

Франција ќе ги отвори квалификациите во групата Б на домашен терен против Холандија на (24 март), а три дена подоцна ќе и гостува на Република Ирска.

Погба за француската репрезентација одигра 91 натпревар, а последниот настап го имаше во март минатата година.

The post Никако да заигра за торинскиот клуб – Погба сега на излезна врата по новата повреда! first appeared on .

Powered by WPeMatico

Сподели: