Алтернатива Настани

НЛБ Галерија: Изложба на слики и уникатни теракоти на Адин Хебиб

Сподели:

НЛБ Галерија, 23.јуни, Изложба на слики и уникатни теракоти на Адин Хебиб

Изложба на слики и уникатни теракоти „Твој и мој град“ на Адин Хебиб од Босна и Херцеговина, во склоп на манифестацијата Скопско лето 2017.

Адин Хебиб има добиено 11 европски први награди за графички дизајн. Добитник е и на низа други стручни награди и признанија од сите страни на Светот. Делата на Адин Хебиб се наоѓаат ширум светот. Посебно е горд на муралите кои се наоѓаат во Вашингтон „Исповеди на Босна и Херцеговина“ 1998 година, а значајни се и заедничката работа на Миа Хебиб, Едина Селесковиќ и Адин Хебиб на кулата „Плава Призма“ – Аваз Бизнис Центар во комбинирана техника, „Мојот живот во 50 слики“, како и муралот „Настанокот на планетата земја“ од 2004 година во истиот објект во кој работел со Едина Селесковиќ (Њу Јорк).

Сподели: