7 дена Македонија

НОВ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА

 

Досегашниот амбасадор на Грција во Македонија Харис Лалакос, е наименуван за нов грчки амбасадор во Вашингтон, САД. Тој дојде во Скопје во јануари, 2013 година и важеше за умерен дипломат, кој што придонесе за почетна нормализација во грчко-македонските односи. Во неговиот мандат дојде до првата посета на грчки шеф на дипломатијата на Македонија, а исто така и до посета на македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски на Атина и Солун.grk

Неофицијално, на негово место ќе дојде Димитрис Јанакис, сегашен амбасадор на Грција во Унгарија.

Сподели: