Вести Македонија Ударни вести

Нов софтвер за податоците за јавни набавки

Сподели:

Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, jа создаде платформата „Отворени Податоци“ на веб страницата е-Набавки.

Новата алатка овозможува сите заинтересирани да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции и носители на самата набавка.

Целта, како што рече и портпаролката на Министерството за финансии, Јована Аврамовска, е да се овозможи изработка на персонализирани анализи и да се дадат одговори на многу прашања поврзани со јавните набавки.

– Ваков вид на комбинација на податоците со кои располага системот досега не бил достапен. Насоката за поголема транспарентност во јавните набавки е јасна. Со одлука на Владата на РМ веќе се објавува целосна докуметација од договорите за јавни набавки. Од тогаш до сега објавени се над 1.700 договори за јавни набавки од страна на институциите. Целта е да се создаде транспарентен и квалитетен систем на јавни набавки и граѓаните да го добиваат најдоброто, за најдобра цена од своите средства – појасни Аврамовска.

Сподели: