7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето изутринава е облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено, во претпладневните часови се уште со врнежи кои на западот и североистокот ќе бидат од снег, а во делот на Повардарието од дожд. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Околу пладне и попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата до пет степени.

Сподели: