Нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација во Општина Илинден

Сподели:

Во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на патната инфраструктура, Општина Илинден продолжува со активности за обележување на локалните улици и патишта, како и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе локации низ општината.

Во рамки на активностите извршено е обележување на пешачки премини на повеќе улици во населените места Илинден, Марино, Кадино, Миладиновци и Текија. Дополнително, извршено е и обновување на хоризонталната сигнализација на повеќе локални патни правци. Обележан е локалниот пат Илинден–Ајватовци–Мршевци во должина од 6.000 метри, патниот правец Марино–Кадино–Миладиновци–ОКТА во должина од 7.000 метри, како и улица „3“ во Кадино, кон автопатот, во должина од 850 метри. Дополнително, извршено е обележување на улица „500“ во Марино во должина од 2.300 метри и на улиците „9“ и „2“ во Илинден во вкупна должина од 2.600 метри.

Паралелно со овие активности се работи и на унапредување на вертикалната сообраќајна сигнализација. На улица „500“ во Јака поставени се 15 нови сообраќајни знаци. Додека на улица „9“ започна поставувањето на патни маркери, а во наредниот период е предвидено и поставување дополнителна вертикална сигнализација.

Сподели: