Магазин Наука и Технологија

Нова кампања за сервисирање на Huawei уредите

 

Почнувајќи од понеделник, 27 април 2020 година, започнува новата кампања на Huawei, која нуди 20% попуст на замена на дисплејот или главниот модул (матичната плоча), на голем број паметни телефони од сериите P20, P30, P40, Mate 20, P smart, Y5, Y6, Y7, Y9, nova 5T и таблети од серијата MatePad. Сите модели вклучени во кампањата и соодветните попусти за замена без гаранција на екранот или матичната плоча може да се проверат на: http://consumer.test.huawei.com/mk/support/campaigns/service-warm-action/

Кампањата важи од 27 април до 27 мај, а покрај попустите на цената на самата поправка на дисплејот или матичната плоча за наведените уреди, исто така вклучува бесплатна курирска услуга “Од врата до врата”. Корисникот може да се информира подетално и да побара услуга, секој работен ден од 9 до 18 часот, на бесплатниот телефонски број 0800 555 50. Услугата “Од врата до врата” во моментов е достапна, бесплатно, за сите гаранциски поправки на уредите на Huawei.

За да обезбеди подобра услуга на клиентите, Huawei го продолжува и гарантниот рок за сите производи чијашто оригинална гаранција истекува од 15 март 2020 до 14 јуни 2020 година. За нив, гаранцијата автоматски ќе се продолжи до 15 јуни 2020 година.

За најновите информации во врска со пост-продажните услуги за уредите на Huawei, компанијата препорачува користење на опцијата Service, достапна во Huawei AppGallery.

Сподели: