НОВА: Што чува уредот на „Ериксон“ во УБК?

Сподели

erikson-777x4371-670x377

Експерти од МВР во сферата на безбедноста за НОВА објаснуваат каков е уредот од „Ериксон“ во УБК и што тој би можел да открие.

Дали на овој уред се снимените разговори?

Не. Ова не е компјутерот на кој се снимаат разговорите. Овој уред претставува врска помеѓу опремата, односно машината за следење на комуникациите и телефонскиот оператор. За да може УБК да прислушува телефони, треба да се поврзе со телефонскиот оператор. Овој е посебен од оној кој ги снима и бележи разговорите. Во него нема разговори, туку само логови, односно податоци кои покажуваат кој број е снимам, во кое време и слично.

Ако од 2015 е уништена тогаш што ќе открие овој уред?

На овој уред може постојат и податоци пред 2015 затоа што истиот, според извори во МВР е набавен многу порано и наводно, ги чува податоците од 2008 до ден денешен. Како е тоа можно? Уредот или софтверот кој ги поврзува УБК и телеоператорот постои незавино од самата опрема на која се следат разговорите и истиот може да се поврзе на било која машина за следење. Извори велат дека уредот е набавен токму во 2008 година кога се менувал Законот за следење на комуникациите. Па, и покрај тоа што опремата од 2013 е уништена, уредот ги чува логовите, односно може да покаже кои броеви биле снимани. НОВАТВ не може да најде писмена потврда дека навистина овој уред е од 2008, но во теоријата може да се каже со точност дека ако уредот е постар, тој ќе ги има податоците без разлика дали опремата од 2013 е уништена или не.

Повеќе од текстот на НОВА.