Вести Македонија Ударни вести

Нова вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе улици во Општина Центар

Сподели:

 

Општина Центар ја замени старата и оштетена вертикална сообраќајна сигнализација на улиците кои се под нејзина надлежност.

 

 

Екипи на Општина Центар овие денови поставија нови сообраќајни знаци на улиците во зони на основни училишта и градинки и тоа на „Мирче Ацев“, во непосредна близина на ООУ „11-ти Октомври“, на улица „Стив Наумов“ во близина на ЈУДГ „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка и на улиците „29-ти Ноември“ и „Радњанска“, во близина на ООУ „Коле Неделковски“.

Денес општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Тасино Чешмиче“, во зона на детската градинка „Кочо Рацин“ – објект Панорама.  

 

Покрај обновувањето на вертикалната сообраќајна сигнализација, Општина Центар редовно ја одржува и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а изминатиот период постави и 9 подигнати пешачки платоа во близина на детските градинки и основните училишта.

Со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата кои престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта.

Сподели: