Вести Свет Ударни вести

Шпанија: Запленети рекордни 5,6 тони кокаин во Валенсија

Сподели:

 

Рекордна пратка од 5,6 тони кокаин, вреден повеќе од 340 милиони евра, запленила шпанската полиција во пристаништето во градот Валенсија, јавуваат агенциите.

Дрогата, како што соопштила полицијата, била пронајдена во контејнер што пристигнал од Јужна Америка во едно од главните европски пристаништа на Медитеранот.

Како што информирале од шпанското министерство за внатрешни работи, запленувањето е резултат на истрага покрената на почетокот на минатата година, поради сомнение дека под маска на увоз на овошје и зеленчук криминална организација вршела шверц на дрога во Европа. Според портпаролот на полицијата, засега нема уапсени, а истрагата е во тек.

Шпанските властите не прецизирале кога е извршена операцијата и од која земја дошол контејнерите.

Информациите за запленетата пратка на дрога доаѓа два дена откако Европол, заедно со властите во шест земји вклучително и Шпанија, покренаа операција за разбивање на „суперкартел“ што контролира околу една третина од европскиот пазар на кокаин. Во таа акција се приведени 13 лица.

Картелот испраќал кокаин од Панама до шпанските пристаништа на Средоземното Море.

Сподели: