Нови дојави за поставени бомби низ скопските гимназии

Сподели

 

Утрово во училиштата низ Македонија се добиени нови дојави за поставени бомби на службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“.

Заканите веднаш се пријавени во МВР, по што се евакуирани учениците, наставниците и останатите вработени.