Новите бомби на „Ел Чека” не потекнуваат од СЈО

Сподели

 

„Во врска со написите во повеќе медиуми, како и различните толкувања на вчерашната изјава дадена од страна на специјалниот јавен обвинител, ѝ појаснуваме на јавноста дека новообјавените разговори објавени од Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека” не потекнуваат од СЈО. Во оваа смисла, ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите. Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Северна Македонија и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот“, наведуваат во соопштението од СЈО.