НОВО: Гуру Харе и Игор Џамбазов – Староста доаѓа (ВИДЕО ЗАПИС)

Сподели

      Новиот видео запис на Гуру Харе и Игор Џамбазов за песната Староста доаѓа.

 

ТЕКСТ:

Уморни очи од бессони ноќи

како две старечки пеги, под моиве веѓи

гледаат, мирно и без страст

во обид да го сфатат ова што остана од нас

Мириса на есен,има вкус на заборав

ова тело што го носам го претвора во прав

полека, како мисла нечујна

над мене лази како сенка студена

Староста доаѓа!

Како сон.

 

музика и текст: Игор Атанасоски Харе вокал – Игор Џамбазов гитари – Игор Атанасоски Харе бас – Трајко Симоновски Таци тапани – Златко Михајловски Бумбар снимено кај Таци миксано во студио Тралала – Скопје, од Мите Димовски