Вести Македонија

НСДП: Иванов заслужи да биде прогласен за персона нон грата

Сподели:

nsdp-logo

„Лицето Ѓорге Иванов уште еднаш покажа дека личната политичка недозреаност и недораснатост за функцијата Претседател на Република Македонија е идеален инструмент на „злосторничкото здружение“ за темелно еродирање на сите институции на системот, погазување на демократските вредности и принципи и за туркање на државата во меѓународна изолација“, се вели во реакцијата на НСДП на вчерашното обраќање на претеседателот Иванов.

„Она што Никола Груевски нема храброст лично да го соопшти, вечера го кажа Иванов во својство на портпарол на една криминализирана политичка елита, за која се ближи моментот кога ќе заврши на ѓубриштето на историјата. Со нападите врз Специјалното јавно обвинителство, демонизирањето на опозицијата, споменувањето на некои мистериозни странски центри на моќ, амбасади, армијата, не само што Иванов докажа дека е „обземен“ од криминалниот и авторитарен дух на неговиот политички гуру, Никола Груевски, туку со атакот на основните постулати на Договорот од Пржино директно ги нападна пријателите на Македонија во меѓународната заедница, САД и ЕУ. Не само што дополнително ја поларизира внатрешната политичка состојба во општеството, препознавајќи ги опозцијата и граѓаните од „Шарената револуција“ како внатрешни непријатели, туку долеа и бензин на огнот со привидението за некакви надворешни непријатели“, велат од НСДП.

НСДП смета дека оставката од фунцкијата нема да биде доволна за да се компензира штетата за ѓраните што ја направил Иванов и дека тој целосно заслужил да биде прогласен и за персона нон грата.

http://meta.mk/nsdp-ivanov-zasluzhi-da-bide-proglasen-za-persona-non-grata/

Сподели: