НСДП студиозно и аналитично го разгледува францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот, соопштија од партијата.
НСДП исто така го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој заклучи дека „точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија“.
НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог“.
