Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Во кабинетот на претседателот Советот за безбедност ќе расправа за францускиот предлог

Сподели:

 

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна состанокот на Советот за безбедност, на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ, за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На состанокот присуствува и претседателот на Владата Димитар Ковачевски и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Сподели: