Мицкоски: Собрани над 500 потписи, на потег е Собранието

Сподели

 

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, денеска во Државната изборна Комисија ја достави инцијативата за референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ Договорот за пријателство добрососедство и соработка со Бугарија односно дали ќе опстои или ќе се укине.

“Го дадов мојот потпис за иницијативата за референдум за прекин на важноста на Договорот со Бугарија, кој е извор на сите ригидни и негаторски политики кон Македонија кои оваа влада ги прифати. Време е да се каже стоп за попуштања, откажувања и удари кон нашиот идентитет.

Собрани над 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100. Благодарам за брзиот одговор и иницијативност.
 
Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет.
На потег е Собранието, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ”, Христијан Мицкоски.