ОБАМА: ФБИ професионално ќе постапува во истрагата за мејловите на Клинтон

Сподели

Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека не верува оти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, се обидува да влијае на претседателските избори во САД, со одлуката оваа агенција да ги истражи новооткриените мејлови во рамки на истрагата за приватниот сервер на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон.

– Ќе повторам пак дека Џим Коми е добар човек и не верувам дека на било кој начин се обидува да влијае на изборите, истакна Обама во телевизиско интервју.

Тој додаде дека Коми е „сериозен државен службеник“ кој се обидува да постапи правилно.

Обама на 2 ноември индиректно упати критика до Коми, нагласувајќи дека истрагите во САД не треба да се спроведуваат врз основа на алузии и „нецелосни информации“.